Линкови за пристапност

Трите најголеми авто-производители во САД се фокусираат на поекономични возила


Само еден месец откако побараа владина помош, по тешката економска криза во автомобилската индустрија, таканареченaта „Голема тројка“ – Џенерал Моторс, Форд и Крајслер, претставуваат нови возила кои се издвојуваат по својата економичност во потрошувачката на гориво, со надеж дека тоа ќе го подобри нивниот имиџ како и побарувачката на нивните производи.

Меѓународниот саем на автомобили во Северна Америка што се одржува во Детроит, сојузната држава Мичиген, традиционално е екстравагантна изложба на на новитетите во автомобилската индустрија. Но, со наглиот пад во продажбата на автомобили, овогодишниот настан претставува критичен момент за американските автомобилски производители.

Опстанокот на илјадници автопроизводители во Детроит зависи од драстичните промени, особено за Џенерал Моторс. Рик Вагнер е извршен директор на компанијата:

- За 2009 година, Џенерал Моторс ќе се фокусира на брзо имплементирање на нашиот план за реконструкција, со цел успешно да ја надминеме оваа економска и кредитна криза што ја зафаќа целокупната автомобилска индустрија.

Пред најавата на Вагнер за идните планови, стотици вработени на Џенерал Моторс ја покажаа својата солидарност извикаувајќи слогани како „40 милји за галон“ и „се фокусираме на електронски возила“.

Џенерал Моторс во 2007-та го претстави својот најнов автомобил – Шевролет Волт Концепт, чиј мотор ќе работи на електроника со батериско напојување. Доколку продолжителните тестови се покажат успешни, Џенерал Моторс планира да започне со нивна продажба во ноември 2010 година.

Иако Џенерал Моторс беше првата компанија која ги објави плановите за популарните електронски автомобили, сепак ќе има конкуренција од Крајслер. И Крајслер ја потврди својата определба за автомобил кој ќе работи на електронско напојување и кој би бил на располагање во 2010.

Со слични најави настапи и Форд. Од компанијата велат дека ќе соработуваат со партнерите за производство на батерии, инфраструктура, како и креирање на владини регулативи за да се забрза процесот на прифаќање на електорнските возила.

Овие авто-производители се надеваат дека напорите за намалување на зависноста од странска нафта, како и намалување на испуштањето на штетни гасови се дополнителни мотивирачки фактори што би помогнале да се зголеми потрошувачката на електронските автомобили. На потенцијалните купувачи им се ветуваат и даночни олеснувања.

XS
SM
MD
LG