Линкови за пристапност

Фридом Хаус: Опаѓање на глобалните слободи трета година по ред


Група за човековите права со седиште во САД , Фридом Хаус, вели дека во поголем дел во светот се забележува опаѓање на политичките права и граѓански слободи во 2008, трета година по ред.

Во годишното истражување Фридом Хаус вели дека најголемо уназадување има во суб-сахарска Африка и поранешниот Советски сојуз.

Извештајот вели дека слободите се намалиле во 12 суб-сахарски африканска држави и во една територија, после неколку години на скромно подобрување. Најзабележливо опаѓање се случило во Мавританија и Сенегал.

Македонија доби оценка „стрелка надолу“ индицирајќи влошување заради зголемено заплашување и насилство против членови на политичките партии за време на јунските парламентарни избори во земјата за кои домашни и странски набљудувачи велат дека биле најлоши од прогласувањето на независноста, се вели во извештајот.

Фридом Хаус исто така вели дека не-балтички поранешни советски држави продолжиле со децениското опаѓање на слободите, што се рангирани под суб-сахарска Африка во некои области. Извештајот вели дека Русија и Грузија претрпеле најголеми уназадувања, делумно како резултат на војната заради грузискиот отцепен регион Јужна Осетија.

Истражувањето нашло дека има значително подобрување на слободите во јужноазиските држави кои имаа избори минатата година, вклучувајќи го Пакистан, Малдивите и Бутан.

Најдобри оценки добија Западна Европа и Северна Америка.

XS
SM
MD
LG