Линкови за пристапност

Буш ги бранеше своите остварувања на последната прес-конференција како претседател


Американскиот претседател Џорџ Буш го бранеше својот учинок како претседател на последната прес-конференција на оваа функција, отфрлајќи ја критиката за неговата економска и надворешна политика.

Буш кажа дека кога дошол на функцијата, наследил економска рецесија, како и дека заминува во време на рецесија.

Претседателот подвлече дека презел „несекојдневни мерки“ за да се справи со кредитната криза за време на неговиот мандат, како прв чекор во правец на економско заздравување.

Буш коментираше и на судирот во Газа, повикувајќи на „траен прекин на огнот“ меѓу Израел и палестинаката милитантна група Хамас.

Тој го повтори ставот на својата влада за создавање на палестинска држава, додавајќи дека предизвикот е да се создадат услови Израел и таа држава како две демократии да опстојуваат во мир една покрај друга.

Буш ќе ја напушти функцијата на 20-ти јануари, кога Барак Обама ќе даде заклетва како 44-тиот претседател на САД.

XS
SM
MD
LG