Линкови за пристапност

Претставничкиот дом на Илиноис гласаше за отповикување на гувернерот Благојевиќ


Претставничкиот дом во сојузната државата Илиноис презеде несекојдневен чекор и гласаше за отповикување на гувернерот Род Благојевиќ поради обвинието за корупција против него.

Законодавците со 114 „за“ и 1 „против“ побараа гувернерот да биде сменет. Благојевиќ е обвинет дека се обидел да го продаде сенатското место испразнето со изборот на Барак Обама за нов претседател. Сега на потег е Сенатот на Илиноис, каде ќе се отвори процес на кој ќе биде решено дали Благојевиќ ќе биде сменет од функцијата.

Гувернерот Род Благојевиќ беше обвинет за корупција на 9-ти декември. Накусо по апсењето, тој плати кауција и ќе се брани од слобода. Благојевиќ негира дека го прекршил законот. Лидерите од неговата Демократска партија, вклучувајќи го и Обама, бараат да се повлече, истакнувајќи дека веќе не може ефикасно да раководи со неговата сојузна држава.

Роланд Бурис, кого Благојевиќ во меѓувреме го назначи за испразнетото сенатско место, во четвртокот сведочеше пред комисија на сојузната држава Илиноис дека неговото назначување не е резултат на некаков договор или услуга за услуга – правна, лична или политичка.

XS
SM
MD
LG