Линкови за пристапност

Невработеноста во САД најголема во последните 15 години


Невработеноста во САД во декември нараснала на 7,2 проценти – највисоко ниво во последните 15 години.

Денес издадениот извештај на владиниот Оддел за труд наведува и дека како резултат на економската криза во 2008-ма биле загубени 2,6 милиони работни места – најлош годишен износ од Втората светска војна – наваму. Само во декември згаснале половина милион места. Новоизбраниот претседател Барак Обама коментираше дека тоа е јасен показател дека официјален Вашинтон треба итно да преземе мерки. Зад секоја ваква статистика, вели Обама, стојат вистински животи, вистински работни места и вистинско страдање.

XS
SM
MD
LG