Режисерот и фотограф Ендрју Закерман мина цела година
разговарајќи со постари лица. Вели –
западното општество е толку опседнато со младоста што го занемарува животното
искуство на постарите. Тој издаде книга
со портрети и 60-минутно видео, едноставно насловени „Мудрост“.
Закерман патувал по светот со една цел – да собере мудрост од педесетина постари лица:
-Бев инспириран од цитат на Дезмонд Туту дека најдобриот подарок за наредната генерација е нашето искуство и мудрост.
Свештеникот Дезмонд Туту е еден од соговорниците во филмот. Тој вели:
-Поблажено е да дадеш отколку да примиш, бидејќи и кога даваш, иако така не изгледа, ти сепак примаш.
Во филмот свои максими откриваат познати лица како државниците Нелсон Мендела и Вацлав Хавел, уметниците Ендрју Вајет и Естер Малангу, музичарите Вили Нелсон и Дејв Брубек, истражувачот Џејн Гудал и астронаутот Баз Олдрин. Закерман вели дека целта му била да собере што е можно повеќе различни гледишта, оти мудроста има многу лица.
Рок музичарот Греам Неш дава ваква животна филозофија:
-Животот не е, ниту ќе биде совршен. Употребете го до максимум и отворете го срцето за она што светот може да ви го подари.
Уметникот Чак Клоус има брачен совет:
-Женет сум веќе 40 години. Тоа не е еден брак – досега личи на четири
или пет различни.
А уметноста на
стареењето според британскиот автор Росамунд Пилчер е дека:
-Не прекинувате да правите работи бидејќи сте остариле. Сте остариле бидејќи сте прекинале да правите некои работи.
Закерман коментира: сите овие луѓе даваат непроценлив придонес на општеството и човештвото бидејќи – останале активни.