Израелските и силите на Хамас ги продолжија борбите, дури и за време на тричасовниот прекин на огнот што го прогласи Израел. Обете страни ја отфрлија резолуцијата на ОН што бара итен прекин на огнот.
Над градот Газа се извиваа густи облаци чад, а израелски хеликоптери надлетуваа над палестинската територија. Се јавува за жестоки престрелки во североисточниот дел на Газа, во близина на границата со Израел. Хамас продолжува да исфрла ракети во јужен Израел, и по две недели откако Израел започна со воздушната, а потоа и со копнена офанзива.
Според податоци на ОН, досега загинале над 750 Палестинци. Се проценува дека една третина од нив се деца. На израелска страна има 18 загинати, од кои најмалку осум се војници
Во Женева, високиот комесар на ОН за човекови права побара независна истрага за евентуални воени злосторства во Газа и во Израел. Нави Пилај предочи дека може да се случи да биде побара и индивидуална кривична одговорност, додавајќи дека „мода да запре постојаниот круг на провокации и одмазда“.
ОН објавија извештај дека 30 Палестинци загинале порано неделава кога израелската армија префрлила 100 цивили во една куќа, ги предупредила да останат внатре, а подоцна неколкупати ја погодила куќата со артилериски оган. Израел вели дека го истражува случајот.
Претставникот на ОН Џон Гинг кажа дека операциите на светската организација ќе продолжат веднаш кога тоа ќе биде можно. ОН запреа со помошта во четвртокот, наведувајќи дека причината е опасноста што доаѓа од израелската армија. На стотици илјади луѓе во густо населената Газа им се потребни храна, вода, лекови и електрична енергија.