Линкови за пристапност

Обама предупреди на сериозни последици доколку не се преземат мерки против економската криза 


Новоизбраниот претседател Барак Обама предупреди дека лошата ситуација може драматично да се влоши доколку Конгресот не одобри несекојдневно голема сума пари за забавената американска економија.

Обама со денешниот говор посветен на ситуацијата се обиде да добие конгресна, но и поширока, јавна поддршка за неговиот обемен предлог-пакет за стимулирање на економијата - двегодишен план во висина до 800 милијарди долари. Тој рече дека во планот ќе бидат вклучени даночни кратења за повеќето Американци, потоа јавни проекти за подобрување на патиштата, училиштата, здравствената нега и енергетската ситуација.

Обама ја фрли кривицата за кризата на „длабоката неодговорност“ и се заложи дека ќе ја подобри финансиската регулатива за да спречи „непромислената лакомост и ризик“ повторно да се заканат на американската економија.

Сериозноста на економската ситуација ја потенцираше и денес објавениот извештај дека бројот на Американци кои се пријавиле за социјална помош поради невработеност нараснал на највисоко ниво во последниве 26 години.

XS
SM
MD
LG