Линкови за пристапност

Арапските лидери во ОН расправаат за британската нацрт-резолуција за Газа


Дипломатите од Британија, САД и Франција поднесоа нацрт-резолуција за конфликтот во Газа до министрите за надворешни работи на арапските земји во ОН.

Официјално не беа соопштени детали, но дипломати - под услов да останат анонимни – наведуваат дека британската нацрт-резолуција повикува на итен прекин на огнот во Појасот Газа. Нацртот отсликува и промена во пристапот на западните земји кон мерките на Советот за безбедност во однос на палестинската територија. Советот претходно дискутираше за предлог од САД, Британија и Франција што вклучуваше необврзувачка изјава за Газа.

Советот за безбедност исто така разгледува правно-обврзувачка резолуција што ја поднесе Либија, а што бара итен и траен прекин на огнот и дигање на израелската блокада.

Пред да ја прими најновата нацрт-резолуција, првиот човек на Арапската лига Амир Муса кажа дека арапските министри за надворешни работи се подготвени да извршат притисок за гласање во Советот за безбедност, додавајќи дека тие повеќе не може да чекаат.

Израел најави дека ќе прифати само примирје што ќе стави крај на исфрлањето на ракети на Хамас од Газа врз израелска територија и што ќе спречи палестинските милитантни повотрно да се наоружаат. Хамас, пак, вели дека нема да прифати примирје освен доколку не вклучува подигање на израелската блокада на Газа.

XS
SM
MD
LG