Линкови за пристапност

Русија ќе продолжи со испораката на гас кога ќе бидат испратени меѓународни набљудувачи


Русија најави дека ќе продолжи со испораката на природен гас преку Украина за Европа, но само кога меѓународни наљудуваќи ќе започнат да го следат неговиот проток низ украинските гасоводи.

Директорот на руската државна компанија Гаспром Алексеј Милер зазеде ваков став по средбата во Брисел со посредство на Европската унија. Милер рече дека ќе одржи дополнителни средби со првиот човек на украинската компанија Нафтогас Олег Дубина. Милер додаде дека кризата, која остави голем број на веропски земји без адекватни количини на гас, мора да биде решена денес.

Неколку часа по неговата изјава, претставници на ЕУ соопштија дека Украина го потпишала договорот за меѓународно набљудување, но не и Русија. Официјални лица велат дека проблемот делумно се должи на тоа што Русија бара свои набљудувачи во екипите на ЕУ.

Русија, која доставува четвртина од гасот што се користи во земјите на ЕУ, во средата прекина со испраќањето преку нафтоводот што од Украина води кон Европа. Русија бара Украина да плати полна пазарна цена за гасот. Украина возвраќа дека тоа би било двојно повеќе од сумата што е подготвена да ја плати.

XS
SM
MD
LG