Линкови за пристапност

Отворен музеј на рокенролот во Њујорк 


„Рокенрол галеријата на славните“ привлекува милиони посетители во оргиналниот музеј во Кливленд, сојузната држава Охајо. Оваа непрофитна институција сега отвори подружница и во Њујорк.

За многумина, прошетката низ анексот на Галеријата на славните во рокенролот во центарот на Њујорк е како враќање во времето. Њујоршката - помала верзија на оргиналниот рок-музеј од Охајо беше отворена минатиот месец.

Рон Ларсон веднаш пошол да ја види кога слушнал за отворањето:

-Има неколку работи кои навистина ми оставија впечаток, како пијаното на Џон Ленон на кое ја напишал „Imagine“. Стоев покрај него неколку минути и си реков – ова е пијаното. Навистина е емоционално. Искуството е фантастично.

Чекорејќи низ коридорите, посетителите со помош на слушалки ја следат изложбата – аудиото што ги објаснува поставките автоматски се активира кога ќе застанете пред нив.

Њујоршката галерија е ризница на музиката – од Битлсите па се` до актуелната поп-ѕвезда Ејми Вајнхаус.

Кураторот Џом Хенке вели дека сакал да го истакне влијанието на одредени музичари што ги надминува музичките бариери:

-Брус Спрингстин учествуваше во кампањата на Барак Обама. Боно од Ју-Ту прави многу светот да стане подобро место за живеење. Мислам дека рокенролот навистина игра важен дел во нашите животи.

Во музејот се наоѓаат Шевролетот од 1957-ма на Брус Спрингстин, познатите рокерски очила на Елтон Џон, облеката на Мадона од концертите. Киното, што е дел од музејот, прави посетителите да се чувствуваат како да се на некои од најпознатите концерти. Влезот во храмот на рок-музиката чини 26 долари.

XS
SM
MD
LG