Лекари од Њујорк испробуваат нова интервенција на замена на срцевиот залисток - без операција на отворено срце. Направена е на стотици во САД и лекарите се надеваат дека успешно ќе ја замени досегашната неопходна, но сложена хирушка интервенција.
Пред неколку месеци, калуѓерката Томас Даган по само неколку чекори губела здив:
-Срцето ми откажуваше и тоа ме правеше уморна, без сон.
Докторите ја дијагностицирале со стеноза на аортата, што предизвикува стеснување на срцевиот залисток.
-Кога залистокот не се отвора нормално, во срцето се прави притисок, пациентот губи здив бидејќи се зголемува притисокот и се собира течност во белите дробови, а може да се развие и болка во градите, вртоглавица, па дури и онесвестување, вели доктор Мартин Леон е од Презбитеријанскиот медицински центар Колумбија во Њујорк.
На Томас и` требал нов залисток, но на 91-годишна возраст, ризикот од операција бил голем. Затоа доброволно се пријавила за пробната процедура во центарот Колумбија.
Доктор Леон вели дека процедурата е многу налик на вообичаениот процес на катетеризација за пациентите кои имаат блокирана артерија. Новиот залисток практично се протнува низ артеријата до срцето.
-Многу успешна процедура – исклучително сме задоволни од резултатот, додава Леон.
Калуѓерката Томас
го потврдува тоа - вели дека се чувствува „како нова“ и дека веќе заборавила
како и` било порано.
Лекарите засега ја ограничуваат
процедурата на лица за кои е ризично да имаат операција на отворено срце, но
очекуваат во иднина да биде применета на преку 100 илјади срцеви болни во САД.