Линкови за пристапност

Потротрошувачите двапати размислуваат дали да купат – продавниците принудени да затворат 


Предупредувања дека продавниците најверојатно ќе забележат најслаба празнична сезона на купување во последните 40 години најверојатно се покажаа вистинити. Главните синџири на продавници во САД и Европа јавуваат за слаб профит во декември – месец што обично е највносен поради празниците.

Сиарс, кој е меѓу главните синцири на продавници во САД, јави дека продажбата опаднала за преку седум проценти, а во продавниците специјализирани за облека за 10 проценти.

Дури и најголемата стоковна куќа за продажба на мало во светот - Волмарт - соопшти дека продажбата во декември не ги надминала очекувањата и нараснала за нешто помалку од два процента.

Европската комисија соопшти дека економската доверба во земјите кои го користат еврото во декември паднала на рекордно ниско ниво. Во Германија - најголемата европска економија - извозот паднал за 10 проценти во ноември.

Во обид да ја зајакне и задвижи економијата, Банката на Англија ги намали каматните стапки на најниско ниво во својата 315-годишната историја - 1,5 проценти.

XS
SM
MD
LG