Линкови за пристапност

Буш домаќин на Обама и поранешните претседатели во Белата куќа


Американскиот претседател Буш денес беше домаќин на својот наследник Барак Обама и поранешните американски претседатели – неговиот татко Џорџ Буш, Бил Клинтон и Џими Картер, за кои организира ручек.

Буш истакна дека тој и американскиот народ на Обама му посакуваат „се` најдобро“ откако на 20-ти овој месец и официјално ќе ја преземе претседателската функција. Буш додаде дека најповеќе од се`, посакува идниот претседател да има многу успех во работата.

Обама ја истакна мудроста и искуството на сите присутни, а средбата ја нарече „историска“, очекувајќи корист од искуството на поранешните американски лидери.

Портпаролот на Белата куќа, Дана Перино истакна дека изминало повеќе од четвртина век откако сите живи американски претседатели се сретнале во Белата куќа.

XS
SM
MD
LG