Линкови за пристапност

Нови отпуштања во САД, Германија 


Многу компании ширум светот се принудени да отпуштаат во време кога забавената економија турка голем број земји во подлабока рецесија.

Два денес објавени извештаи индицираат дека компаниите во најголемата економија во светот – американската – во декември отпуштиле за 275 проценти повеќе работници во споредба со истото време минатата година. Компаниите елиминирале 1,2 милиони работни места во 2008-ма, што е 59 процентно зголемување од 2007-ма.

Втор извештај подвлекува дека приватните американски компании само во декември отпуштиле 693.000 лица.

Овие извештаи доаѓаат пред официјалниот извештај на американската влада за невработеноста, кој треба да биде обелоденет в петок. Повеќето економисти очекуваат стапката на невработеност да се искачи на седум проценти.

Германија, која е најголемата европска економија, обелодени дека стапката на невработеност пораснала за прв пат во последните три години. Германски официјални лица соопштија дека невработеноста во моментов е 7, 6 проценти, како и дека преку 3 милиони Германци се без работа.

XS
SM
MD
LG