Линкови за пристапност

Обама сака со намалување на непотребните владини трошоци да ја подобри економијата  


Новоизбраниот американски претседател Барак Обама вели дека мора да направи баланс меѓу потребата да се трошат средства за да се стимулира економијата и загриженоста за се` поголемиот буџетски дефицит. Тој смета дека за таа цел, владата ќе треба да работи многу поефикасно.

Обама денес ја именуваше Ненси Килефер за „главен претставник за владиното работење“, која ќе врши надзор на сите владини програми и ќе ги елеминира оние што нема да функционираат. Таа порано работела во Одделот за финансии, а била и консултант за ефикасност во деловното работење.

Барак Обама го објави именувањето на Килефер откако економските експерти кои работат за Конгресот соопштија дека буџетскиот дефицит во САД годинава ќе нарасне на преку 1,2 трилиони долари. Натпартиската Канцеларија за конгресен буџет соопшти и дека економијата ќе се намали за над два проценти, додека невработеноста ќе нарасне на преку девет проценти.

XS
SM
MD
LG