Линкови за пристапност

Украина:  Русија целосно ја прекина доставата на гас за Европа


Украина вели дека Русија ги прекинала сите достави на гас за европските земји како резултат на заострениот спор околу неговата цена.

Портпаролот на украинската компанија за гас соопшти дека рускиот монопол Гаспром утрово ги запрел сите пратки на гас наменети за европските потрошувачи.

Во меѓувреме, руските медиуми потврдија дека претставници на двете земји утре треба да ги продолжат преговорите по прашањето.

Од 1-ви јануари наваму 12 европски земји пријавија намалување на доставата на гас, како резултат на одлуката на Русија да го намали дотокот за Украина. Сето ова се случува поради спорот меѓу двете земји околу цената на гасот и задоцнетите исплати.

Русија вели дека Украина го креирала недостатокот на гас во европските земји преку исцрпување на гаста од цевките преку кои се пренесувало гориво за Западна Европа. Украина пак вели дека Русија едноставно ги запрела пратките за овие земји.

Русија обезбедува една четвртина од целокупниот природен гас за земјите од ЕУ. Унијата денеска се закани со поостра интервенција доколку утре не биде постигнат никаков договор.

XS
SM
MD
LG