Линкови за пристапност

Панета наводно кандидат за нов директор на ЦИА, некои скептични дали има искуство 


Според демократски избори, новоизбраниот претседател Барак Обама одлучил местото директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) во новата администрација да му го додели на поренешниот шеф на Кабинетот во Белата куќа во времето на Клинтон, Леон Панета. Тоа предизвика коментари во медиумите – дали е доволно стручен за позицијата.

Панета е поранешен конгресмен и шеф на Кабинетот на Белата куќа. Тој има јавно кренато глас против методите на испитување на ЦИА во време на мандатот на претседателот Буш. Обама вчера искажа доверба во Панета и порача дека составува врвен разузнавачки тим, „посветен на тоа да прекине некои досегашни практики и да одговори на загриженоста дека го засениле угледот на разузнавачките агенции и американската надворешна политика“.

Па сепак, некои законодавци, меѓу нив и првиот човек на Сенатската комисија за разузнавање, демократката Дајен Фајнстејн, се скептични дека Панета има разузнавачко искуство.

Аналитичарот Антони Кордсман од Центарот за стратешки и меѓународни истражувања во Вашингтон коментира:

-Кога на местото доаѓаат луѓе однадвор, фоксуот им е бирократски – попрво да имаат влијание врз претседателот, отколку да служат на целата целна група. Доаѓаат обвинувајќи ја разузнавачката заедница - не за грешките што навистина биле направени, туку поради тоа што имаат сопствени политички предрасуди.

Сепак, Кордсман додава имало успешни директори на ЦИА дојдени однадвор и предвидува дека главниот предизвик за новиот директор ќе биде реформа на агенцијата по наглите промени по терористичките напади врз САД во 2001-ва. Доколку биде потврден на функцијата, Панета ќе го надгледува трагањето по терористи на Ал-Каида ширум светот.

XS
SM
MD
LG