Линкови за пристапност

Израел продолжи со офанзива во Појасот Газа по тричасовен прекин на огнот 


Прекинот што траеше три часа овозможи „хуманитарен коридор“ за граѓаните на Газа да дојдат до основните намирници. Палестинската милитантна група Хамас во истиот рок запре со исфрлање ракети на израелска територија. Израелски претставници најавија дека и во наредните денови ќе земат предвид ваков прекин на огнот.

Францускиот претседател Никола Саркози вели дека Израел и Палестинската управа го прифатиле египетско-францускиот план за мир во Појасот Газа. Планот повикува на итен ограничен прекин на огнот што дозволува достава на хуманитарна помош. Израел го поздрави планот, но не кажа дали го прифаќа. Хамас, пак вели дека го разгледува истиот.

Целта на примирјето е да му се даде време на Египет да издејствува траен прекин на насилството меѓу Израел и Хамас.

Советот за безбедност на ОН денеска ќе продолжи со разговорите за конфликтот.

Расте загриженоста околу недостатокот на храна, вода и лекови во Газа. Израел е под остра критика на меѓународната заедница поради палестинските цивилни жртви во офанзивата што трае веќе 12 дена. Израелскиот кабинет за национална безбедност денес расправа дали да ја прошири акцијата со влегување на израелските сили во урбаните центри.

Во синоќешните напади од копно и воздух биле погодени 40 цели на Хамас, соопшти израелската армија. Болнички извори во Газа тврдат дека во нив загинале најмалку осум лица. Ракети на Хамас го погодија јужен Израел, но нема информации за жртви.

XS
SM
MD
LG