Линкови за пристапност

Судството во Македонија:  меѓу политички притосоци и барања за реформи


Судството во Македонија не може да се ослободи од политичките стеги, сметаат стручњаци во земјата и коментираат - и покрај сите реформи, нови проевропски закони, ништо не е доволно за преодна оценка во однос на самостојност и независност.

-Кај нас има притисоци на се` и сешто, бидејќи ние сме општетство во кое постои висок степен на политизираност. Но, такви протисоци и влијание ќе имало и ќе има секаде и во сите сфери - не само во судството. Па сепак, целта на реформата е во судскиот систем да се вградат механизами за заштита од таквите влијанија, вели професорот Владо Камбовски.

Тој додава дека судството треба да изгради свои механизами за одбрана од ваквите притисоци. На пример, јакнење на позицијата на Судскиот совет и зголемување на одговорноста на судиите при носењето пресуди.

Најголемите забелешки на експертите се на влијанијата што доаѓаат од извршната власт. Велат, и покрај декларираното дека се работи за трета власт, самостојна и независна, судството само навидум е такво.

-Извршната власт не смее да се меша во работата на судската власт. Тоа се случува во Република Македонија, по однос на многу прашања - изборот на судиите, донесување на судските одлуки, итн., коментира професорот Никола Матовски.

Професорот Осман Кадриу пак, смета дека судството во најголем сегмент е неависно, но не целосно, бидејќи одделни сегменти сепак ја нарушуват ваквата слика:

-Сегашната регулатива, според наше мислење како правници, нуди една правна гаранција дека навистина имаме независно судство. Меѓутоа, одделни појави што се случуваат укажуваат и упатуваат на заклучок дека во судството се` уште имаме влијание, и од политичките партии, и од другите власти.

Правниците признаваат дека вината за потклекнувањето пред политичките притисоци делумно сносат и судиите. Тие мора да покажат поголема ефикасност и ажурност, да ги скусат бескрајно долгите судски процеси, да носат квалитетни судски одлуки и да не подлегнуваат на корупција.

XS
SM
MD
LG