Линкови за пристапност

Израел продолжи со офанзива во Газа по тричасовен прекин на огнот   


Прекинот што траеше три часа овозможи хуманитарен коридор за граѓаните на Газа да дојдат до основните намирници.

Палестинската милитантна група Хамас во истиот рок запре со исфрлањето ракети на израелска територија. Израелски претставници најавија дека и во наредните денови ќе земат предвид ваков прекин на огнот.

Францускиот претседател Николас Саркози вели дека Израел и Палестинската управа го прифатиле египетско-францускиот план за мир во Појасот Газа. Планот повикува на итен ограничен прекин на огнот што дозволува достава на хуманитарна помош. Израелски портпарол изјави дека Израел го поздравува планот, но не кажа дали го прифаќа. Хамас, пак вели дека го разгледува истиот.

Целта на примирјето е да му се даде време на Египет да издејствува траен прекин на насилството меѓу Израел и Хамас.

Советот за безбедност на ОН денеска ќе продолжи со разговорите за конфликтот.

XS
SM
MD
LG