Линкови за пристапност

Армијата се збогува со Буш


Со 21 плотун и армиски оркестар беше поздравен американскиот претседател Џорџ Буш во базата Форт Маер во Вирџинија на церемонија за испраќање на човекот кој осум години беше врховен командант на вооружените сили на САД.

Високи армиски лидери му оддадоа признание на Буш како непоколеблив лидер кој бил инспирација за обичните војници за време на нивната долгогодишна служба во војни во кои е вклучена земјата. Одделот за одбрана го одликуваше со медал за истакната служба и му оддаде признание за, како што ги нарече, решителните по терористичките напади на 11-ти септември 2001-ва, како и за време на инвазиите врз Ирак и Авганистан.

Буш со видлива трогнатост го прими медалот и им се заблагодари на сите членови на вооружените сили и нивните семејства за нивната пожртвуваност. Тој призна дека одлуките што ги донел како претседател не биле секогаш популарни, но оти воените мисии секогаш биле исправни.

Претседателот во заминување исто така го пофали неговиот наследник, Барак Обама, дека е силен лидер.

Првата дама Лора Буш, прими медал за истакната јавна служба во која е вклучена и нејзината работа со повредените армиски припадници.

Секретарот за одбрана Роберт Гејст, рече дека со претседателот Буш имал несогласувања во минатото, но немал двоумење кога претседателот го поканил во Вашингтон да биде дел од неговиот Кабинет. Тој го пофали Буш за јакнењето на армијата и оти ја направил способна да одговори на предизвиците од 21-от век.

XS
SM
MD
LG