Линкови за пристапност

Буш заминува, Крафорд се заборава


Додека вниманието во САД е свртено на транзицијата на власта во Вашингтон, заминувањето на претседателот Буш од функцијата веќе има ефект врз гратчето Крафорд, сојузната државаТексас, кое изминативе 8 години уживаше публицитет затоа што семејствотот Буш таму има ранч.

Сообраќајот на главна улица на Крафорд станува се поредок и полокален. Ликот на претседателот Буш се уште е на ударно место во ова кафуле, но веќе нема турканици меѓу локалното население и туристите да се најде маса повеќе.

За дел од жителите, претседателот Буш останува популарен бидејќи е заслужен што направи Крафорд да бид епознато место на мапите. Линдон Линч, кој работи во локален каменолом, вели дека не е важно што Крафорд нема повеќе да биде „Белата куќа на запад на земјата“. За него било забележливо последниве година- две дека интересот за неговото гратче опаѓа.

Некогаш популарната продавница за сувенири сега ретко е отворена. Ги нема ни антивоените демонстарнти. Пред неколку години тие ја основаа Куќата на мирот, на само неколку милји од ранчот на Буш. Линдон Линч вели дека туристите биле добри за локалниот бизнис, но дека присуството на демонстратите понекогаш носело проблеми.

Продавница што се` уште добро се држи е „Ред бул“ каде Рејдин Демон продава сувенири. Вели дека одлуката на претседателот Буш да купи куќа во Далас каде ќе живее откако ќе замине од Белата куќа ја намалува идната улогата на Крафорд. Демон се надева дека семејството Бушо ќе минат одредено време во Крафорд откако ќе заминат од Белата куќа за да го одржат бизнисот на градот што сега се темели на имиџот на претседателот. „Ако биде само викенд-дом за нив, веројатно нема да привлечат многу туристи“, вели таа. Но, додава, Крафорд, независно од се, ќе опстои. Руралниот начин на живот што го привлекло семејството Буш, ќе привлече и други семејства од поголемите градови. Демон вели Крафорд има што да понуди - силни семејни вредности.

XS
SM
MD
LG