Линкови за пристапност

Буш ќе назначи три локации на Пацификот за национални споменици


Американскиот претседател Џорџ Буш се очекува да назначи три локации во Тихиот океан за национални поморски споменици, со цел да се заштитат од уништување и извлекување на природни ресурси.

Портпаролот на Белата куќа, Дана Перино истакна дека претседателот ова ќе го соопшти попладнево по американско време. Во овие области, кои зафаќаат површина од преку 500.000 километри квадратни е и најдлабокиот кањон на светот, наречен Мариана Тренч.

Белата куќа соопшти дека потегот би бил досега најголема поморска заштита во историјата.

XS
SM
MD
LG