Линкови за пристапност

Конгресот во нов состав започнува со работа


111-от Конгрес на САД денес за прв пат заседава, а на агендата доминира слабата економија на државата

Новоизбраниот претседател Барак Обама вчера се сретна со лидерите на Сенатот и Претставничкиот дом, во напор да се изготви нов пакет за стимулирање на економијата што брзо би минал во Конгресот.

Обама, кој ќе ја преземе претседателската функција за две недели, денес се состанува со неговиот економски тим, а во фокусот на разговорите се буџетските прашања и финансиската криза.

Барак Обама од американските законодавци бара да одобрат околу 750 милијарди долари, кои би се користеле за подобрување на состојбата на патиштата, мостовите, јавниот превоз и училиштата, во напор за креирање на дополнителни три милиони работни места.

XS
SM
MD
LG