Линкови за пристапност

Транзиција: Леон Панета за директор на ЦИА


Претставници на Демократската партија велат дека новоизбраниот претседател Барак Обама го избрал Леон Панета, поранешен конгресмен и шеф на кабинет на претседателот Клинтон, за функцијата директор на ЦИА.

Иако Обама ќе ја преземе претседателската функција за две недели, номинацијата на Панета мора прво да биде одобрена од американскиот Сенат.

Леон Панета беше член на Експертската група за Ирак – двопартиска комисија со надлежност за давање оценка на ситуацијата во Ирак, како и совет за следните чекори на САД во оваа земја.

Според партиски извори, се очекува на функцијата директор на национално разузнавање новоизбраниот претседател да го именува американскиот адмирал, Денис Блер. Блер е поранешен командант на американските сили на Пацификот.

XS
SM
MD
LG