Линкови за пристапност

Газа се приближува до хуманитарна криза; израелската офанзива продолжува


Групи за хуманитарна помош велат дека Газа е на работ на криза додека израелската армиска офанзива против Хамас влегува во единаесетиот ден

Здравствени претставници на Газа велат дека повеќе од 560 Палестинци биле убиени и уште 2500 повредени за време на големата операција. Претставник на Меѓународниот Црвен крст со седиште во Женева вели дека ситуацијата во Газа се претворила во тотална хуманитарна криза.

Портпарол на Црвениот крст во Газа вели дека ситуацијата е критична, со болници преплавени со цивилни жртви.

Францускиот претседател Николас Саркози денес имаше разговори со сирискиот претседател Башар ал-Асад во Дамаск, како дел од неговата лична дипломатска турнеја по регионот. Францускиот претседател кажа дека неговиот сириски колега може да игра важна улога во вршењето притисок на Хамас да прекине со ракетните напади на јужен Израел.

Но господинот Асад ја осуди израелскатаофанзива како „варварска агресија".

Сведоци велат дека израелските сили влегле подлабоко во Газа, до јужниот град Кан Јунис.

Поранешниот британски премиер Тони Блер вели дека моментален прекин на огнот е можен доколку тунелите употребувани за пренос на оружје од Египет во Газа се отсечат. Господинот Блер е официјален претставник на Квартетот за Блиски исток, составен од САД, ЕУ, ОН и Русија, што се обидува да издејствува мир.

XS
SM
MD
LG