Линкови за пристапност

Ричардсон се повлекува од номинацијата за нов секретар за трговија


Гувернерот на Ново Мексико Бил Ричардсон се повлече од номинацијата за секретар за трговија во новата администрација на Барак Обама.

Тој кажа дека донел таква одлука затоа што голема порота на федерално ниво повела истрага за компанијата која дала големи средства за неговите политички активности и добила договор со сојузната држава на чие чело е тој.

Ричардсон вели дека нема незаконски активности неговото работење, но оти истрагата секако би го оддолжила процесот на потврдување на новата функција. Новоизбраниот американски претседател Барак Обама со, како што кажа, длабоко жалење, ја прифати неговата одлука.

XS
SM
MD
LG