Линкови за пристапност

Барак Обама пристигна во Вашингтон


Новоизбраниот американски претседател Барак Обама замина од Чикаго и му се приклучи на семејството во Вашингтон, додека траат подготовките за неговото прогласување за 44-ти претседател на САД.

Обама во Вашингтон пристигна синоќа, додека неговата сопруга Мишел и двете ќерки, Малиа и Саша допатуваа во американскиот главен град во саботата. Девојчињата денеска тргнуваат во приватно училиште во Вашингтон.

Околу 100 лица се собраа да го поздрават новоизбраниот американски претседател кој се до инаугурацијата на 20-ти јануари, привремено ќе престојува во хотелот Хеј Адамс. На пристигнувањето Обама беше дочекан и со 20-тина демонстранти, кои го изразуваа своето незадоволство заради одбивањето да ја осуди израелската инвазија на Газа.

Во меѓувреме, Комитетот за инаугурација соопшти дека Барак Обама за прв пат во американската историја ќе организира „Инаугуративен бал за соседството“, а влезниците за овој настан ќе бидат бесплатни или со мошне пристапна цена.

XS
SM
MD
LG