Линкови за пристапност

Израел ги засили нападите во Газа со копнена офанзива


Израелските копнени сили напаѓаат цели на Хамас во Појасот Газа, а истовремено, веќе 10-ти ден по ред траат израелските воздушни напади на милитантната група во регионот.

Израелскиот министер за одбрана, Ехуд Олмерт денеска изјави дека офанзивата ќе продолжи се додека населбите во јужен Израел не бидат безбедни од ракетните напади на Хамас.

Но и покрај воената кампања, Хамас продолжи да гранатира цели на израелска територија, при што загинаа четворица Израелци, од кои тројца се идентификувани како цивили.
Лидерот на Хамас, Махмуд Захар ги повика неговите следбеници да ги „срамнат со земја“ израелските сили и да целат на израелските цивили. Захар сепак додаде дека групата планира денеска да испрати своја делегација во Египет, на разговори за најновиот бран насилство.

Медицински претставници во Газа велат дека во изминативе 10 дена во нападите загинале речиси 530 лица, вклучувајќи ги и 11-те цивили кои го загубија животот денеска. 5-мина од нив се деца. Израел соопшти дека од започнувањето на копнената офанзива, наваму, загинал еден војник, а 30 други се повредени.

XS
SM
MD
LG