Линкови за пристапност

Транзиција: Од Движењето за граѓански права до Обама за претседател


Ноември 2008, Барак Обама избран за претседател. За многумина тоа беше остварување на сонот. Особено за африканските Американци кои живееа и протестираа за време на немирните години на движењето за граѓански права.

Март 1965, црнци во Селма, Алабама жестоко нападнати од полицијата за време на марш со кој барале право да бидат регистрирани за гласање. Инцидентот е познат како „Крвава недела“. Тогаш идниот претседател имал само две години, живеел во различна Америка, каде сегрегацијата била спроведувана со закон.

Тој ден во Селма бил и денот кога е галванизирана поддршката за движењето за цивилни права предводено од Мартин Лутер Кинг Џуниор.

Во август 1963, четвртина милион луѓе го гледале Кинг со неговиот прославен говор „Имам сон“. Маршот на Вашингтон се смета за главната движечка сила Конгресот да ја донесе клучната легислатива против расна дискриминација. Во наредните две години претседателот Линдон Џонсон и Конгресот потпишаа два закони кои се однесуваат на граѓанските права и гласањето.

43 години подоцна многумина веруваат дека Актот за гласачко право од 1965 го поплочи патот за Обама и други црни политичари.

Барбара Арнваин е извршен директор на Адвокатската комисија за законски цивилни права во Вашингтон: "Откако Актот беше усвоен, и отвори врата за обоените, особено Африканските Американци, да започнат да уриваат и други бариери. "

76-годишниот лидер за цивилни права Роџер Вилкинс се сеќава на жртвувањата тогаш правени во борбата за граѓански права: "Тоа движење и секој што стапнал на тој пат, има удел во тој прекрасен момент што ќе го имаме со инаугурацијата на Африкански Американцец за претседател на САД“.

Барбара Арнваин вели дека историскиот момент ќе ги охрабри и другите малцинства, да видат дека демократијата не е само за една раса.

Но за генерацијата Американци кои биле сведоци на борбата за цивилни права, инаугурацијата ќе биде остварување на четиридеценискиот сон.

XS
SM
MD
LG