Линкови за пристапност

По забраната за употреба на пластични ќеси во супермаркетите на Сан Франциско


На отпадот од околу 820,000 жители на Сан Франциско има огромни количини пластични кеси - евтини за производство и тешки за преработка. Роберт Рид е портпарол на отпадот. Тој вели дека ќесите се лсни, летаат насекаде, завршуваат во заливот и се закана за животот во океанот.

Ова, заедно со фрлање на околу 180 милиони пластични ќеси годишно, го поттикнаа надзорникот на Сан Франциско Рос Миркарими да поднесе закон за забрана на употреба на пластични ќеси во големите супермаркети.

Тој објаснува дека забраната не е само за некористење на пластични, туку и на хартиени ќеси. Целта била секој да си носи своја торба.

Овој концепт на некои купувачи им е веќе познат. Сабина Талиа-Феро: "Во Холандија никогаш не ви даваат ќе, мора да имате своја. "

Други купувачи со задоволство ја прифаќаат забраната.

Повеќето продавници - исто така.

Но не сите. Асоцијацијата на калифорниски продавници за производи за прехранбени производи, што претставува 500 членки, е против. Портпаролот Дејв Хејлен вели дека законот е промашување.

"Намерата беше да се пренасочат потрошувачите од ќеси кон алтернативни решенија. Но тоа не е постигнато. Сега потрошувачите употребуваат хартиени ќеси."

Следниот чекор, според градските татковци на Сан Франциско е забраната да се прошири и на малите трговци. А се работи и на елиминирање на пластичните ќеси во кои се пакуваат весниците.

XS
SM
MD
LG