Линкови за пристапност

Протестите против израелското бомбардирање на Газа се шират во светот


Илјадници Палестинци во Рамала вееја знамиња и извикуваа слогани на солидарност со нивните сонародници во Газа, додека израелските безбедносни сили беа на готовс во окупираниот Западен брег спречувајќи секакво движење во палестинската територија, освен за итни случаи.

Во Јордан, полицијата испушти солзавец на неколкумина протестанти кои фрлале камења, и кои заедно со други 1500 лица се собрале пред израелската амбасада во Аман.

Во Египет, стотици полицајци за смирување немири биле распоредени во две џамии во Каиро да ги блокираат планираните собири за поддршка на Газа.

Илјадници верници маршираа во Дамаск и Техеран по петочните утрински молитви извикувајќи „Смрт за Израел".

Во Индонезија, најмалку 10 илјади лица излегле на улиците на Џакарта извикувајќи „Господ е голем" на арапски, пред американската амбасада.

Илјадници Авганистанци протестираа во Кабул, извикувајќи слогани против Израел и САД и палејќи знамиња на овие земји.

Во Русија, полицијата привела околу 37 лица кои организирале непријавен протест пред израелската амбасада во Москва.

Во меѓувреме, американскиот државен секретар Кондолиза Рајс ги брифираше новирите пред Белата Куќа, остро напаѓајќи го Хамас за, како што рече, држање на народот на Газа во заложништво.

Рајс вели дека САД работат заедно со Арапската Лига, Европа и Израел за постигнување на одржливо примирје.

Европската Унија и Франција планираат дипломатски мисии во Блискиот исток во обид да се разреши смртоносниот конфликт.

Францускиот претедател Николас Саркози денес се сретна со либанскиот парламентарен лидер во Париз. Саркози заминува за Израел, Западниот брег, Египет, Сирија и Либан во понеделник, за да изврши притисок за постигнување прекин на насилството.

XS
SM
MD
LG