Линкови за пристапност

Саркози ќе се заложи за прекин на огнот на разговорите со Ливни


Францускиот претседател Никола Саркози ќе го прими шефот на израелската дипломатија Ѕипи Ливни на разговори за воената офанзива на Израел против палестинската група Хамас каде има голем број жртви.

Саркози се залага за ставање крај на насилството во појасот Газа и планира да патува за Израел и Западниот брег во понеделник. Посетата на Ливни на Париз доаѓа по израелското отфрлање на 48-часовното премирје, кое беше изложено од Франција. Во средата, Советот за безбедност на ОН разгледуваше предлог-резолуција која бара итен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.

Советот одлучи треба е потребна поголема дебата за прашањето, затоа што САД и Британија го нарекоа арапскиот предлог – едностран. Британскиот амбасадор во ОН, Џон Сауерс, изјави дека балансирана резолуција е добра шанса за поддршка од Советот за безбедност.

Во предлог-резолуцијата се бара Израел да го запре нападот врз Газа. Исто така се бара итен прекин на огнот и од Хамас и од Израел, како и отварање на граничните премини со Газа. Во Вашингтон, американскиот претседател Џорџ Буш разговараше телефонски со израелскиот премиер Ехуд Олмерт при што му изразил загриженост за хуманитарните услови во Газа.

Белата куќа соопшти дека Олмерт го уверил Буш дека Израел се обидува за избегне цивилни жртви во Газа и оти цели само на лица поврзани со Хамас.

XS
SM
MD
LG