Линкови за пристапност

Израелските тенкови во близина на границата со Газа


Израелските тенкови и војници напредуваат кон границата со Газа во време кога воени авиони вршат напади врз осомничени цели на Хамас во палестинска територија веќе шести ден.

Додека израелски официјални лица дебатираа дали да испратат војници преку границата, израелските проектили истрелани од воздух и од море уништија згради на Хамас, тунели за криумчарење и локации од каде се лансираат ракети врз израелска територија.

Палестински извори јавија дека во еден воздушен напад бил убиен висок политички лидер на Хамас, Низар Рајан и четворица други луѓе, вклучувајќи и членови на неговото семејство.

Се верува дека ова е прв пат Израел да стрела врз високи членови на лидерството Хамас во актуелниот конфликт.

Во израелските напади загинаа најмалку 400 Палестинци, а беа повредени скоро 2000. ОН соопшти дека една четврина од загинатите се цивили. Ракетите на Хамас убија четворица Израелци од почетокот на конфликтот во саботата.

Светските лидери се загрижени за хуманитарната ситуаицја во Газа и ги интензивираа дипломатските напори за ставање крај на насилството.
Вчера Советот за безбедност на ОН го отфрли арапскиот предлог за резолуција со која се бара итен прекин на огнот.

Израелскиот премиер Ехуд Олмерт изјави дека се уште не е време за примирје, но додаде дека еврејската држава ќе размисли за прекин на огнот откако ќе се увери дека е подобрена безбедносната состојба во јужен Израел. Лидерот на Хамас Исмаил Ханије рече дека за да дојде до примирје, Израел мора да ги запре нападите и да ја укине блокадата на Газа.

Израел соопшти дека ќе дозволи испорака на повеќе од 2000 тино храна и медициска опрема во Газа и ќе одобри ранети Палестинци да се лекуваат во болници во Израел.

XS
SM
MD
LG