Линкови за пристапност

Пречек на 2009-та низ светот:  прослава, безбедносни мерки, надежи за мир и подобра економска иднина


Најмалку 1,5 милион луѓе се собраа на пристаништето во Сиднеј да го одбележат доаѓањето на Новата година. Поради временските зони, Австралијанците беа меѓу првите кои посакаат добредојде на 2009-та.

Прославата беше придружена со огномет кој чинеше повеќе милиони долари, а насловен „Креација“ - израз на надеж за годината што следи.

Со огномети Новата година беше дочекана и во Њу Зеланд, Сеул, Токио и Хонконг.

Сепак, во други градови ширум светот новогодишните прослави се многу поскромни од онаа во Сиднеј, од безбедносни и економски причини. Поради неповолната економска ситуација, владата на Малезија, на пример, одлучи годинава да не ја спонзорира прославата.

Властите во Мумбај ангажираа дополнително обезбедување, во време кога овој индиски финансиски центар и натаму се опоравува од минатомесечните терористички напади во кои загинаа преку170 лица.

Дочекот на 2009-та на Тајмс Сквер во Њујорк по традиција е со одбројување и паѓање на големата кристална топка.

XS
SM
MD
LG