Линкови за пристапност

Британија нуди 10 милиони долари помош за Газа


Британија се обврза дека ќе обезбеди помош за Појасот Газа во висина од 10 милиони долари, нарекувајќи го „неприфатлив“ бројот на човечки жртви заради израелските напади на палестинска територија.

Британскиот министер за хуманитарна помош, Даглас Александар изјави дека илјадници лица страдаат и оти ситуацијата во регионот се влошува од час во час.

Тој изрази загриженост за недостигот на лекови и електрична енергија, како и за намалените залихи на храна, што влијае на работата на болниците и другите потребни служби во Појасот Газа.

Израел вели дека неговата воена кампања е оправдана одбрана против нападите на палестинската милитантна група Хамас.

Сепак, светските сили и групите за заштита на човековите права се загрижени за хуманитарната ситуација во Газа. Газа е под блокада од соседен Израел и Египет речиси една година.

Вчера Израел дозволи влез во Газа на околу 100 камиони полни со хуманитарна помош и пет амбулантни возила.

XS
SM
MD
LG