Линкови за пристапност

Израел одбива итно примирје со Хамас


Израел не се согласува со идејата за постигнување на итно 48-часовно примирје со Хамас, велејќи дека ќе продолжи со воената офанзива врз Појасот Газа.

Израелски претставници велат дека премиерот Ехуд Олмерт и неговите министри за одбрана и надворешни работи одлучиле да го отфрлат предлогот на Франција за постигнување на итен прекин на огнот меѓу Хамас и Израел.

Израел веќе петти ден по ред напаѓа цели на Хамас во Појасот Газа и покрај зголемениот меѓународен притисок за ставање крај на насилството.

Властите велат дека за време на ракетните напади биле оштетени владини згради на Хамас, како и тунели преку кои се пренесувало храна и оружје во Газа од Египет. Во меѓувреме и Хамас продолжува со нападите врз израелска територија.

Од саботата наваму, од насилството загинале преку 370 Палестинци. ОН велат дека од нив 62 лица биле цивили. Од израелска страна животот го загубиле четири лица.

XS
SM
MD
LG