Линкови за пристапност

ЕК повика на итен прекин на насилството во Појасот Газа


Европската комисија повика на итен прекин на насилството во Појсот Газа каде веќе неколку дена трае масовна операција на израелските сили.

Во изјавата на Комисијата стои дека насилството во Газа „задало тежок удар на цивилното население во регионот“. Комисијата побара во Газа, каде болниците се преполни со повредени лица, да биде доставена хуманитарна помош.
Изјавата беше објавена во Брисел, неколку часа пред средбата на министрите за надворешни работи на Европската унија во Париз, на која главна точка на агендата беше блискоисточната криза.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун вчера побара Израел и Хамас итно да го прекинат насилството. Тој воедно го критикуваше меѓународниот одговор на кризата, велејќи дека светските лидери треба да сторат повеќе за да поттикнат дијалог со цел да се најде долгорочно решение за проблемот.

XS
SM
MD
LG