Линкови за пристапност

Нови израелски напади во Газа


Израелски претставници велат дека не се заинтересирани за примирје со палестинската милитантна група Хамас, а воздушните напади врз цели на Хамас во Појасот Газа продолжуваат веќе четврти ден по ред.

Властите во Газа соопштија дека во денешните напади загинале 10 лица, меѓу кои и две млади сестри. Во најновата операција биле уништени пет владини згради на Хамас, како и зградата на Исламскиот Универзитет. Цел биле и неколку безбедносни пунктови на Хамас и дом на еден од главните команданти.

Израелските војници, тенкови и други армиски возила се насобрани долж границата меѓу Израел и Газа, во подготовка за евентуална копнена офанзива.

Палестински претставници велат дека во израелските напади од саботата - наваму загинале најмалку 350 лица - повеќето милитанти на Хамас. Според хуманитарна агенција на ОН во Газа, 57-мина се цивили.

Израел ја почна офанзивата откако Хамас ги обнови прекуграничните ракетни напади по истекот на шестмесечното примирје минатата недела. И покрај израелската воздушна офанзива, палестинските милитанти и натаму упатуваат голем број на ракети и проектили на израелска територија. Во овие напади од понеделникот – наваму загинаа најмалку четири лица.

XS
SM
MD
LG