Линкови за пристапност

Нов оперативен зафат за проблеми со грбот ги намалува болките, времето за опоравок


Оние кои имаат болки во грбот - знаат за каква мака се работи. Нова оперативна процедура сега нуди надеж за враќање во нормала.

Стејси Херман веќе преку една деценија страда од хронична болка во долниот дел на грбот. Се надева дека најновиот метод на оперативен зафат ќе и помогне да најде спас:

- Болките се ужасни и константни. Тоа е најлошото - постојаната болка.

Лекарски тим во Медицинскиот центар при Универзитетот Дјук во Северна Каролина од неодамна започна да врши поинаков вид на операции на грбот. Наместо да го отвораат грбот, тие во најдолниот дел на ’рбетот прават мал засек, така што не мора да сечат нерви или мускули.

- Процедурата помага пациентот побрзо да се опорави од траумата од операцијата, вели главниот хирург, д-р Рој Винган.

По секој потег со инструментите врз долниот дел на грбот на Стејси, лекарите прават рентгенска снимка за да се осигураат дека се` е во ред при замената на оштетениот `рбетен диск, на чие место внесуваат додавка од коскена срж и ја зацврстуваат со шрафови. Целиот зафат трае околу еден час, што е околу една третина од времето потребно за досегашниот вид на операции.

По околу три часа, Стејси ги направи првите чекори и наместо неколку дена да лежи во болница, замина дома - само шест часа по операцијата.

XS
SM
MD
LG