Линкови за пристапност

Белата куќа го окривува Хамас за насилството во Газа


Владата на претседателот Џорџ Буш вели дека работи на повторно воспоставување на одржлив прекин на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, по тридневни израелски воздушни напади во Појасот Газа.

Портпаролот на Белата куќа Џон Дондроу ја обвини Хамас дека не успеала да го продолжи шестмесечниот договор за преки на огнот што и онака беше на стаклени нозе. Дондроу од ранчот на претседателот Буш во Крафорд, сојузната држава Тексас, изјави дека САД рабираат дека сега Израел се брани од континуираните ракетни и артилериски напади на милитантите на Хамас во Газа. Сепак, тој го повика Израел да избегнува цивилни жртви во Газа. Дондроу додаде дека Буш разговарал со кралевите на Саудиска Арабија и Јордан за обидите да се спречи насилството

Портпаролот на Стејт департментот Гордон Дагуд кажа дека и државата секретарка Кондолиза Рајс работи на повторно воспоставување на прекин на огнот. За таа цел, Рајс веќе разговарала со претставниц на Израел, Египет и Саудиска Арабија. Дагуд подвлече дека американските владини претставници не водат преговори со Хамас, која САД ја сметаат за терористичка организација, но дека се во контакт со египетски претставници, на пример, кои водат дијалог со Хамас. Портпаролот информираше и дека Рајс ја брифирала транзиционата група на новоизбраниот претседател Барак Обама за својата дипломатија.

XS
SM
MD
LG