Линкови за пристапност

Израел вели дека е во „целосна војна“ против Хамас


Израелски борбени авиони веќе трет ден по ред вршат напади врз палестински милитанти во Појасот Газа.

Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак изјави дека неговата земја е во „целосна војна“ против владеачката група Хамас во Газа.

Според палестински претставници, во досегашните напади загинале најмалку 325 лица, повеќето милитанти на Хамас.
Хуманитарна агенција на ОН, повикувајќи се на палестински болнички избори, соопшти дека животот го загубиле 57 цивили.

Милитантните од Газа испукаа најмалку 50 ракети кон јужниот дел на Израел. Една од нив усмрти израелски Арап во градот Ашкелон. Ова е втора жртва во Израел од почетокот на ракетните напади.

Израелската министерка за надворешни работи Ципи Ливни ги повика Палестинците кои живеат близу објектите на Хамас да ги напуштат домовите и така да избегнат да бидат погодени при израелските напади.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас повика на разговори со својот политички ривал Хамас, со цел да создаде - како што кажа - обединет фронт против масовната израелска агресија врз Газа.

XS
SM
MD
LG