Линкови за пристапност

Израел дозволи трансфер на хуманитарната помош во Појасот Газа 


Израел го отвори граничниот премин со Газа и покрај продолжителните напади со проектили од страна на палестинските милитанти. Израел дозволи да минат околу 90 камиони со гориво, храна и други намирници за палестистинската територија која е под контрола на Хамас.

Тел Авив воведе рестрикции за Газа во обид да изврши притисок врз Хамас да ги запре нападите врз еврејската држава. Групите за заштита на човековите права велат дека блокадите предизвикале хуманитарна криза за Палестинците кои имаат недостиг на електрична енергија, храна и пари во изолираната територија.

Израел дозволи влез на хуманитарната помош во време кога армијата планира да изврши напади врз цели на Хамас. Од армиски извори се дознава дека утринава биле истрелани најмалку 10 проектили од Газа. Нема извештаи за жртви.

По истекувањето на примирјето меѓу обете страни минатата недела, израелските војници усмртија тројца милитанти, по што Хамас ги отпочна нападите врз јужниот дел на Израел.

Премиерот Ехуд Олмерт ги повика Палестинците од Појасот Газа да извршат притисок врз Хамас за ставање крај на насилството.

XS
SM
MD
LG