Линкови за пристапност

Илјадници верници го слават Божиќ на Западнот брег во градот Витлеем


Католичкиот лидер на Светата земја, патријархот Фоуад Твал, се помоли за мир на Блискиот Исток, за време на миса на која присуствуваа верници од целиот свет.

Тој истакна дека од војната не може да произлезе мир, затворите не гарантираат стабилност, а високо поставените ѕидови не гарантираат безбедност.

Многумина од верниците минаа низ ѕидот што го разделува Витлеем, традиционалното родно место на Исус, од Ерусалим. Израел вели дека овој ѕид е потребен од безбедносни причини, но поголем дел од Палестинците сметаат дека идејата е да се приграби територија.

Папата Бенедикт исто така повика на мир меѓу Израелците и Палестинците за време на полноќната миса во Ватикан.

XS
SM
MD
LG