Линкови за пристапност

Според внатрешна истрага, соработници на Обама немале нечесни контакти со гувернерот Благојевиќ


Правниот советник на Обама, Грег Креиг го обелодени извештајот на официјални лица од транзицискиот тим во кој новоизбраниот претседател и двајца високи советници, Рам Емануел и Валери Џарет биле интервјуирани во врска со федералната истрага против Благојевиќ, кој е обвинет дека се обидел да го продаде сенатското место на Обама.

Во извештајот се посочува дека Обама немал контакти со гувернерот од Илиноис или кој било член од неговиот персонал во врска со испразнетото сенатско место откако победи на претседателските избори во САД.

Понатаму во документот се додава дека Емануел, кој е избран за шеф на Кабинетот на Белата куќа, имал телефонски разговор со Благојевиќ и неговата канцеларија во врска со сенатското место и потенцијалните кандидати. Но, во меѓусебната конверзација не станало збор за позиција во идниот кабинет на Обама или друга лична придобивка за гувернерот, како замена за назначување личност во Сенатот од сојузната државата Илиноис.

XS
SM
MD
LG