Парламентот на
Ирак ја одобри мерката со која на британските и другите не-американски странски
трупи им се дозволува да останат во земјата по крајот на оваа година.
Законодавците со големо мнозинство
го изгласаа документот кусо време откако спикерот на парламентот Махмуд ал-Машхадани даде оставка на
функцијата. Во говорот за збогување Машхадани, контроверзен
сунитски политичар чии навреди на други
законодавци минатата недела ја
пореметија дебатата по прашањето, се
извини за своето однесување.
Аранжманот дозволува околу четири илјади британски
трупи, како и помали сили од Австралија,
Ел Салвадор, Естонија и Романија, да оперираат
во Ирак до јули.