Линкови за пристапност

САД оковани во студ


Предупредувања за зимско невреме е на сила речиси низ цела држава неделава, додека градови од северозапад до североисток се подготвуваат за нов бран од снег, мраз и лапавица.

Големи снежни врнежи се очекуваат во Ајдахо, Орегон и сојузната држава Вашингтон, до Божиќ, во четврток. Националната метеоролошка служба вели дека во Орегон може да напаѓа уште половина метар снег врз оној што е веќе на земјата од порано неделава.

Во градот Гришам, во Орегон, е прогласена вонредна состојба и повикани се припадници на Националната гарда на помош.

Метеоролозите предвидуваат дека лошото време ќе ги погоди и Илиноис, Висконсин, Монтана и Мичиген, како регионот каде се спојуваат Аризона, Колорадо, Ново Мексико и Јута.

Временските услови создаваат проблеми за празничниот воздушен и копнен сообраќај за време на празникот. Барем пет смртни случаи се смета дека се резултат на студеното време.

Бурите предизвикаа застој на поголемите аеродроми во Њу Џерси и Илиноис.

XS
SM
MD
LG