Новоизбраниот американски претседател Барак Обама заврши со именување на лица во неговиот Кабинет, со именувањето на првите луѓе за одделите за труд и транспорт.
Текст: Обама рече дека ја номира конгресменката од Калифорнија, Хилда Солис, за секретар за труд. Солис, која има латино-американско потекло, беше силен поддржувач за правата на работниците за време на нејзиниот мандат во Претставничкиот дом.
Новоизбраниот претседател го номинираше и републиканскиот конгресмен Реј ЛаХуд за секретар за транспорт. Неговата номинација го прави ЛаХуд втор Републиканец во Кабинетот на Обама откако секретарот за одбрана Роберт Гејтс ја задржа функцијата и во новата администрација.
Обама го претстави и Рон Кирк како негов избор да служи како Трговски претставник на САД, кој има ингеренција да преговара за трговски и инвестициски договори со други земји. Кирк беше првиот афро-американски градоначалник на Далас, Тексас.