Вашингтон наскоро ќе понуди владин заем во висина од 13,4 милијарди долари, а за февруари се најавени дополнителни 4 милијарди долари.
Во обраќање пренесувано на националаната телевизија, претседателот Буш истакна дека секој сегмент од автомобилската индустрија, работниците, раководството, кредиторите и другите, мора да направат отстапки за овој план да успее.
Тој ги предупреди компаниите дека до крајот на март ќе мора да истапат со планови за санирање на своите бисниси и да станат конкурентни на пазарот, зашто во спротивно ќе се соочат со банкрот.
Џенерал Моторс и Крајслер се меѓу погодените од
глобалната рецесија, што доведе до затегнување на кредитите и намалување на
побарувачката на нивните возила. Ситуацијата го принуди Клајслер да ги затвори
сите 30 свои фабрики за најмалку еден месец, почнувајќи од денес.